Димовски: „Се зголемува извозот на вино во шишиња“

Министерот за земјоделство, шумарство и  водостопанство, Љупчо Димовски изјави дека земјава бележи зголемен извоз на флаширано вино, а повисока цена винариите постигнале и за наливното вино. Ваквата  оценка Димовски ја изнесе  викендов за време на посетата на Кавадарци.

 

„Сите количини на залиха на вино во визбите се продадени и тоа ни создава позитивна ситуација да може да се врши масовен откуп.  Сведоци сме дека нема саемски настап на нашите винарии а да не се добие некоја награда за квалитет и за црвените и за белите вина. Заодовлува и извозот на винско грозје иако тоа не не радува баш најмногу, но не е добро да иаме вишок на грозје што ќе придонесе заспуштање на цената на грозјето“ рече Димовски и нагласи дека релаксираниот откуп на грозје се должи токму на тоа што винариите немале залихи на вино и поради тоа е создадена конкуренција во откупот. 

А.Д



Share

Додади коментар