Димовски: “Гроздоберот протекува без проблеми“
20-09-2013 РЕГИОН

„ Нема проблем досега со откупот на грозје, што ни претставува особено задоволство. Нема никакво прекршување на законот околу откупот. Се се одвива во една релаксирана состојба, нема прекршување на цената. На  одредени сорти исплата се вршии веднаш по откупот.  Годинава се поставија добри релации меѓу лозарите и винарите и избалансирана понуда и побарувачка на грозје“ ваква е оценката на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски по денешната посета на Кавадарци.

Тој информира дека сите винарии го исплатиле долгот кон лозарите. Оцени дека откупот на најмасовно застапената сорта смедеревка се одвива исто така без проблеми.

„Сега следи општата берба на смедеревка , многу е барано ова грозје бидејќи е сгратешко за производство на вино. 11 денари за килограм утврдивме цена, мислам дека со тек на време како што оди откупоот ќе дојди и до покачување на цената. Го намаливме извозот на македонско грозје, бидејќи извозот на винско грозје е коректив на цената, си го заштитивме домашното производство на вино бидејќи доколку се извезеше грозје тоа ќе беше дирекнта конкуренција на нашето вино на странскиот пазар. Таа стратегија ја сработивме заедно со лозарите и винарите“ рече Димовски и наглади дека одлична била и динамиката на извоз на вино. Цената на наливното од 18 евроценти се зголемила на 40 .

Ангел Данов



Share

Додади коментар