Директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, Благој Димитров по обвинувањата од ОО на СДСМ Кавадарци за наводен криминал се огласи со писмена реакција, која ја пренесуваме интегрално:
Демант од Директорот на СОЗШУ Ѓорче Петров, Кавадарци – Благој Димитров за лажните обвинувања на СДСМ со цел да се деградира личноста на директорот и угледот на училиштето и партијата на која припаѓа.
- Доказ дека уверението од Основен Суд Кавадарци е уредно издадено на 29.07.2014г дека лицето Б.Димитров нема обвинителен акт кој влегол во правна сила ниту пак е донесена неправосилна осудителна пресуда.
- Во врска со обвинувањата за наместениот тендер за набавка на трактор и приклучни машини (во вредност од 12.000 евра) по барање на актвиот од земјоделската струка на наставнички совет донесена е одлука да средствата од лозовата економија и субвенциите наменски се потрошат со набавка на трактор и приклучни машини. Со одобрување на училишниот одбор и добиената согласност од советот за јавни набавки распишан е тендер и извршена е набавката. Врз основа и на претходни обвинувања за истиот предмет извршен е и увид од Државен просветен инспектор при што е констатирано дека нема повреди од страна на директорот и училиштето во однос на предметот.
- Во врска со обвинувањата за криминалот од научно наставната шума: На барање од ЕВН Кавадарци да се изврши сечење на стебла долж далеководот 10(КВ) во Михајлово, Министерството за шумарство и водостопанство даде согласност да се изврши дадената сеча и чистење на шумската вегетација со која стопанисува училиштето. Согласно договорот одржан на 02.11.2015г во просториите на ЕВН Кавадарци со претставници од ЕВН КЕЦ Кавадарци, Македонски шуми – Бор Кавадарци, СОЗШУ Ѓорче Петров – Кавадарци, Општински инспекторза шумарство - Кавадарци и МЕПОС оператива, согласно законот за шуми, одлучено е да се изврши сечата под далеководот до караулата во Михајлово. Средствата добиени од сечата се наменски потрошени за промена на кровната конструкција на објектот на училиштето во Михајлово.
Сите овие невистини и лаги што се изнесуваат се неточни, напротив училиштето е едно од најдобрите во Републиката, кое постигнува резултати на државни и меѓународни натпревари: Софија и Теветен – Бугарија, Футок – Нови Сад. Училиштето има добиено повеќе проекти: Грм Ново Место – Словенија, Даблин – Ирска, Крижевци – Хрватска (кој ќе се реализира во ноември 2016), Ирска 2 (реализација во 2017), Португалија и Шпанија (реализација во декември 2016), проект од МОН во соработка со Бизнис сектор за опремување на енолошка и педолошка лабораторија. Во сите проекти земаат учество наставници и ученици. И покрај сите обвинувања ние ќе продолжиме да работиме и да бидеме успешни - пишува Димитров.
Додади коментар