ДИК го објави новиот состав на кавадаречкиот совет
18-10-2017 РЕГИОН

СДСМ и коалицијата на изборите во неделата освои 9 советнички места во кавадаречкиот совет и со тоа имаат мнозинство во советот. Конечните податоци кажуваат дека СДСМ освоил 10.538 гласа. ДИК  ги објави имињата на советниците кои ќе бидат дел од советот.

 

Д-р Виолета Димитрова, Митко Камчев, Јосиф Стојанов, Лазар Туриманџов, Василка Дрварова, Ташо Радњански, Мирјана Гркова, Развигор Кабранов и Петар Николов се новите советници од коалицијата предводена од СДСМ во советот на општина Кавадарци.

 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освои 9146 гласа или 8 советнички мандати. Во новиот совет претставници на оваа политичка опција ќе бидат Горица Пеливанова-Вилхелм, д-р Никола Трендафилов, Зоранчо Јованчев, Анита Гинова-Каракутова, Драганчо Николов, Тони Нешковски, Блаже Тасев, Душица Крстиќ.

 

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ има освоено 1707 гласа или еден советнички мандат. Во новиот совет влегува Божанка Минова.

 

Ристо Сакалиев доби нови четири години во советот на општината. Советничката листа чиј носител беше тој освои 1481 глас.  

А.Д

 



Share

Додади коментар