Не запира помагањето во заедницата, а со тоа и реализацијата на проектот „За децата на Кавадарци“ од Ротари клуб Кавадарци. Денеска беше предадена донацијата во дидактички материјали и спортски реквизити за сите објекти на детската градинка „Рада Поцева“.
Вредноста на донацијата е 4 илјади евра.
Објектот „Детелинка“ денеска го посетија претставници на Ротари клубот и со задоволство најавија дека донирањето за децата на Кавадарци ќе продолжи и во наредниот период.
Благодарност за донираните материјали искажа директорката на градинката, Цанка Добринова.
Претседателката на кавадаречкиот ротари клуб за ротаријанската 2017/2018, Зорица Ставрова се осврна на оваа донација.
Ротаријанците добија благодарница од децата во градинката, а и кратка културно уметничка програма во знак на благодарност за добиените материјали кои ќе им бидат од голема корист во нивното секојдневно присуство во градинката.
A.Д
Додади коментар