Дидактички материјал од областа на сообраќајот за децата од градинка подели ОСБСП Кавадарци
20-01-2021 РЕГИОН

ОСБСП Кавадарци продолжува со своите програмски  активности и во новата година. Денеска претседателот на Советот Љупчо Лазов ги  посети дечињата од големата група во градинката „Рада Поцева“ и   им подари новогодишен  подарок – дидактички материјали  од областа на сообраќајот.

 

Подароците ги  прими директорката на градинката Цана Добринова , во присуство на претседателот на кавадаречкиот совет, Ристо Сакалиев , советничката за предучилишно образование Надица Дамова и кординаторките на проектот во градинките  „Собраќајно воспитување и образование на децата“, Даниела Китева и Христина Камчева.

 

„ Грижата за најмалите е обврска на сите  нас и затоа во оваа прилика сакаме  да ги израдуваме најмилите со подарок кој ќе им помогне поубаво и повесело да ги реализират планираните содржини од сообраќајното воспитување“ истакна Лазов, а воедно се заблагодари до претседателот на советот за постојаната поддршка од локалната самоуправа во реализацијата на активностите на ОСБСП и до директорката на градинката,  за успешната соработка.

 

 „Нашиот успех  е заеднички,  и се должи на соработката со вас, со цел  дечињата од градинаката да ги направиме посреќни, весели и задоволни од престојот во градинката“ додаде Лазов.



Share

Додади коментар