Децата од „Изворче“ на гости кај градоначалникот
01-03-2016 РЕГИОН
Весело беше денеска во зградата на локалната самоуправа. Во посета на градоначалникот Александар Панов беа дечињата од градинката „Рада Поцева“ објект изворче. Тие му го честитаа денот кој го најавува доаѓањето на пролетта 1 март и му даруваа мартинка.
Дечињата се дружеа со градоначалникот, прашуваа за неговата работа, побараа летна занимална во дворот на градинката. Панов во изјавата за медиумите нагласи дека децата му го разубавиле денешниот ден кој му бил исполнет со обврски.
И годинава децата од градинката го реализираат проектот Подари мартинка – израдувај дете. Психологот Нада Илиева информира дека дечињата денеска на градскиот плоштад на случајните минувачи им даруваа мартинки.
А.Д

Додади коментар