Децата од градинка во посета на градоначалникот Панов
04-06-2015 РЕГИОН

Дечињата од детската градинка „Рада Поцева“ објект „Гроздоберче“ денеска беа во посета на градоначалникот на општина Кавадарци, Алескандар Панов. Активноста  е дел од проектот што се реализира во градинка насловен „Мојот град“. Дечињата ја имаа можноста да се дружат со градоначалникот и да разговараат, а добија ветување од градоначалникот дека до  крајот на годината ќе започне изградбата на нова градинка во Кавадарци, која ќе биде ставена во функција следната година.

-          Проектот за нова градинка се развлече повеќе од тоа што ние очекувавме, но морам да кажам дека не зависо од нас. Се работи за проект кој што го аплицираме пред Светска банка и ревидирањето на тој проект односно неговото враќање на повторно поправање е надлежност на стручните служби во министерството за финансии. Бидејќи се работи за осетлива градба, мора да ги задоволува сите европски и светски стандарди, за да дојдеме до фаза за да ги повлечеме трие средства од Свтетска банка и да ги импементираме на терен. Знам дека последниве две и повеќе години главно прашање  новата детска градинка. Во минатото тој наплив на деца во градинка да го решававме со доградба во градинката „Гоце Делчев’ и со ваташката,  која ќе биде деновиве пуштена во употреба. Меѓутоа крајно и подолгорочно решение е изградбата на нова детска градинка чија изградба ќе ја започлнеме годинава, а во текот на 2016 ќе ја ставиме во употреба и со тоа би го решиле најголрливоиот проблем, децата да не бидат враќани кога нивните родители ќе ги пријават за во градинка, бидејќи сега од посебните урегнции до градоначалникот се децата да бидат примени во градинка – рече градоначалникот.

Децата од кавадаречката градинка во рамки на проектот „Мојот град“ создаваа и цртежи. Еден таков денеска му подарија и на градоначалникот Панов, а во изминатиот период имаа можност да посетат повеќе локации и да се запознаат со својот град.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар