Дефицит од 0+ крвна група - крводарување во четврток
22-09-2020 РЕГИОН
Поради дефицит од крвната група 0+ на локално и државно ниво, во четврток 24.09.2020 година во кабинетот за трансфузиологија во Кавадарци ќе се спроведе вонредно крводарување.
Од општинската организација на Црвен Крст Кавадарци ги повикуваат сите крводарители со оваа крвна група да се вклучат во акцијата.
За сите крводарители се најавува и уште една крводарителска акција во вторник 29.09.2020 во домот на културата „Иван Мазов Климе“. Оваа акција ќе се спроведе во периодот од 9 до 14 часот.
А.Д
Додади коментар