Детскиот карневал белег на Тиквешкиот гроздобер
16-09-2013 РЕГИОН

 Детскиот карневал  и годинава даде посебен белег на Гроздоберот. Ги собра најмладите од основното образование на едно место.Во над 1300 дечиња од поворката која тргна од кружниот тек па се до градскиот плоштад публиката можеше да погледне најразлични маски под кои невино се криеја насмеаните детски лица.Пепелашки,принцези,невести, селски моми, бубамари, пеперутки,индијанци,спејдеремени, бетмени, лозари,војнии, гроздови парадираа низ центарот на Кавадарци.

Се виде дека основните училишта го дале максимумот од себе. Во дефилето учество забележаа сите основни училишта од Кавадарци, вклучувајќи ги и подрачните.Дел од настанот беа и најмладите од детската градинка Рада Поцева.Се чини нај возбудени, но и најфотографирани. Не заради тоа што беа повеќе интересни од другите туку заради фактот што најмногу и мафтаа на публиката која со душа ги чекаше.

Сите учесници можеме да оцениме дека добро ја завршиле својата работа. Костими изработени групно се мисли од страна на училиштето и костими скроени по желба на децата.Секоја група со своја целина и своја карневалска замисла. За да на крајот добиеме карневалче кое слободно можеме да кажеме дека беше едно од нај интересните годинава. Дали тоа креативноста кај помладите работи повеќе или покреативни се родителите и наставниците или станува збор за детска илузија преточена во маска останува барем засега мала загатка. Како и да е честитки за учесниците во детскиот карневал.

Милица Младенова



Share

Додади коментар