Детски јоргани за детско одделение и за градинката во Кавадарци и Росоман
19-08-2014 РЕГИОН

За 10 години постоење 10.000 јорганчиња прилепски „Комфи Ангел“ донираше за дечињата од градинките и детските одделенија при општите болници во Македонија.  Од компанијата која хуманитарно го прославува јубилејот,  Црвен Крст Кавадарци доби 600 детски јорганчиња кои денеска беа дистрибуирани до детското одделение при Општа Болница и градинките во Кавадарци и Росоман.

 

Секретарот на кавадаречкиот црвен крст Розе Илова јавно ја изрази својата благодарност до оваа копманија која патем потенцираше е една од ретките кој јубилејот одлучуваат да го слават со донација, информираше кој колку броја добива од донацијата и дали воопшто досега црвениот крст соработувал со оваа фирма чија дејност е изработка на постелнина.

 

Благодарни за оваа донација се и од детското одделение при општа болница Кавадарци. Началникот на одделението доктор Лидија Димитрова вели дека секоја донација е добредојдена, а оваа ќе ги задоволи моментално потребите во одделението.

 

Детските јорганчиња од голема помош ќе бидат и за детските градинки во Кавадарци и Росоман.Со оглед дека постојано бројот на ново запишани дечиња и во двете градинки расте, донацијата доаѓа во вистинско време велат надлежните од ове пред училишни установи.

M.Mладенова



Share

Додади коментар