Десет телевизори донираше „Кожувчанка“ за хируршко одделение
03-12-2015 РЕГИОН

Со цел подобри услови за претстој на хируршкото одделение во кавадаречката болница на пациентите додека се лекуваат, компанијата „Кожувчанка“ донираше десет ЛЕД тв приемници. Телевизорите се веќе поставени во болничките соби и достапни за пациентите.  

 

Началникот на хирургија, д-р Дано Кулев искажа голема благодарност до „Кожувчанка“ за тоа што секогаш е подготвена да донира за болницата и нагласи дека од особено голема важност е и оваа донација бидејќи ќе им се подобрат условите за претстој во болничката соба на пациентите кои поради хируршките интервенции се приморани неколку дена да остант легнати во болничките кревети.

Благодарност до „Кожувчанка“ искажаа и пациентите кои се згрижени на хирургија.

 

Оваа не е прва донација од „Кожувчанка“ за кавадаречката болница. За потсетување, пред неколку години беше набавено медицинско возило за превоз на пациенти до поголемите болнички центри во земјава, потоа со свои средства учествуваше во заедничка донација со локалната самоуправа за набавка на уште едно медицинско возило.

А.Д



Share

Додади коментар