Десет нови случаи на корона вирус во Тиквешијата
02-08-2020 РЕГИОН
Осум нови позитивни во Кавадарци и двајца во Неготино се дијагностирани денеска, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци. Инфицираните се од различни возрасни групи, од 17 до 63 години.
„Сите нови позитивни се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Дел се контакти на веќе позитивни, а дел не знаеле како се инфицирале“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Тој уште еднаш упатува апел за почитување на мерките за заштита, како би се намалил бројот на нови позитивни.
А.Д

Додади коментар