Десет куќи во Кавадарци склони на паѓање
16-10-2018 РЕГИОН

 

 

 Десет куќи се склони кон паѓање во Кавадарци, сопствениците треба да ги санираат или урнат. Тоа мора да го сторат, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, заради безбедност на луѓето и околината.

 

-Во изминатите години била прогласена само една склонопадна куќа. Имајќи во предвид дека вистинската ситуација  е малку поинаква, општински комисии излегоа на терен и регистрираа десет такви објекти, во многу лоша состојба, појасни градоналалникот.      

 

Биле изготвени записници за објектите склони кон паѓање  и за тоа писмено биле известени нивните сопственици.

 

-Тие имаат рок од триесет дена, да направат санација или да ги отстранат објектите, затоа што се небезбедни за луѓето и околината. Доколку не постапат по тие решенија, општината нема да застане тука и на наше барање со градежна компанија или Јавното претпријатие “Комуналец”,  ќе се отстранат објектите,  а за тоа ќе им биде наплатено по пазарна цена. Тие мора да бидат  свесни за целата оваа ситуација, нагласи Јанчев. 

 

С.Д

 


Share

Додади коментар