Денот на АРМ одбележан во гарнизонот Криволак
18-08-2014 РЕГИОН

18 ти август денот на Македонската армија денеска свечено го одбележа гарнизон Криволак односно кампот за воена обука Пепелиште. На свеченоста присуствуваа повеќе високи делегации претставници на МВР, градоначалници, фирми и здруженија.Со интонација на македонската химна и химната на АРМ започна празнувањето во кампот за обука во Пепелиште. 1минутно молчење во знак на почит присутните им оддадоа на загинатите припадници на АРМ и борците за слободна Македонија.

 

18 август е значаен датум за АРМ нејзиниот развој и заложбите во полето на одбраната.Изминатите 22 години сведочат за цврстата армија која ја има Макеоднија и високиот углед на истата на домашен терен и во меѓународни рами, рече пред присутните во своето обраќање, командант потполковник Ивица Цветковски.

 

На денешната свеченост во Пепелиште пред припадниците на армијата беше прочитана и  писмена честитка по повод 18 август од началникот на генералштабот, потполковник Горанчо Котевски, кој честитувајќи им го денот на армијците им посака здравје и уште многу успешни мисии. Најважниот момент за оние кои со особено задоволство го чекаат 18 август беше делот кога свечено беа врачени унапредувањата и стимулативните мерки. Низа припадници на кампот за обука Пепелиште денеска беа почестени со овие армиски привилегии.

 

Од денеска со чин мајор се здоби капетан Блажо Захарчев, а назначени беа и чиновите помлад водник, десетар, и сребрена значка.Неколкумина добија по 7 и 5 дена наградно отсуство,а имаше и низа пофалени.Благодарници за успешна соработка со гарнизон Криволак добија и неколку поголеми фирми.По повод денешната свеченост официјалното одбележување на 18 август во кампот за обука Пепелиште заврши со организирана изложба на дел од вооружувањето и опремата со која располага кампот и заеднички коктел.



Share

Додади коментар