Денеска тропски ден, топло и во наредните пет дена

Денеска во Македонија ќе имаме тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и слаб југозападен ветер.

 Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 40°C.

 УВ индексот ќе има вредност 9.

 МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претпладне ќе биде сончево, попладне зголемување на облачност и во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во овие региони постојат услови и за појава на невреме. Максималните температури ќе се движат од 28°C до 39°C.

 Во петок и сабота претежно сончево со пад на дневната температура. Минималните од 10°C до 22°C, а максималните температури ќе достигнат до 24°C односно до 35°C.

 Сончево и потопло ќе биде во недела со пораст на дневните температури. Минималните од 9°C до 19°C а максималните од 27°C до 38°C.

извор: https://weather4all.com.mk



Share

Додади коментар