Повеќе од една година медицинските сестри во сите здравствени установи се на првата борбена линија во справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид 19. Зад нив остануваат неброени денови и ноќи поминати во грижа за пациентите. Тие се првиот контакт, првата помош, првата утеха и првата подадена рака за секој пациент.
„Силата храброста пожртвуваноста и борбата со непознатото во ова време- невреме повеќе од една година не направи повеќе истрајни и посилни. Пандемијата што го зафати целиот свет и однесе милиони жртви не не спречи да бидеме до крај професионални во нашата работа. Со желба да излеземе што побрзо од ова криза, помогна свеста на луѓето за масовна имунизација, во која се докажа дека е единствен излез од оваа криза“ порачуваат медицинските сестри од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
Годинава поради актуелната состојба со корона вирусот нема прослави за одбележување на меѓународниот ден на медицинските сестри.

Додади коментар