Денеска во 7 часот и 4 минути, на 171-виот ден во годината, на северната полутопка и во Република Македонија почна летото. Ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември во 22 часот и 44 минути (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.
Веќе за првите денови на летото се најавуваат високи температури до 37 степени целзиусови, а прогнозите се дека оваа лето ќе биде доста топло, речиси како и минатото (2012). Почести заладувања ќе има во август, а доста високи температури во месец јули. Воедно, ни претстои доста сушен период до крајот на септември. Се ова е во согласност со досегашните сценарија и проценки за ефектот на климатските промени во овој дел на Европа.

Додади коментар