Делегација од општина Трстеник-Србија во посета на Кавадарци
07-11-2013 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Кавадарци денеска прими делегација од општина Трстеник Република Србија, предводена од градоначалникот Мирослав Алексиќ, а во која беа и стручниот соработник за животна средина и директорот на РТ Трстеник. Целта на нивната посета е да соберат искуства од Кавадарци од работењето на рудникот за никел како би можеле да донесат правилна одлука за прифаќање или не на инвестиција за експлоатација на никелова руда.

 

„Пред извесно време се создаде  фама во Трстеник околу отворањето на рудник за никел. Сакаат да се инфиормираат каква е состојбата со Фени индустри.  Разликата е во тоа што кај нас рудникот е во пасивен дел, каде  во дијаметар од дестина километри живеат само десетина фамилии, а кај нив  рудникот е во самиот град. Имаме одредени разлики добро е да ги пренесам нашите искуства па да градоначалникот и неговите соработници да имаат можност за  правилна одлука“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

 

„Целта на нашата поосета е да се запознаеме со вашите искуства поврзани со експлоатација на никел. Повеќе од една година во Србија се говори на големо и општшина Трстеник е територијата на која се планира експлоатација на руда никел. Ние сме густо населена општина,  општина каде луѓето претежно се занимаваат со земјоделство. Имаме развиено индустрија. И она што е најважно потполно здрава и чиста животна средина. Причина за посетата е да видиме што е рудникот за никел  во Кавадарци за да можеме да донесеме правилна одлука. Со почитување на сите параметри околу приходите на државата, бројот на нови работни места се од наша страна потполно прифатливи,   а од друга страна мораме да се грижиме и за здравјето на нашите луѓе и за животната средина и затоа го замолив вашиот градоначалник да дојдам во посета и да се уверам како тоа изгледа во пракса. Се надевам дека денека ќе извлечам корисни поуки и информации,  кои секако на нас како локална самоуправа ќе ни помогнат да знаеме по која насока да се движиме“ истакна градоначалникот на Трстеник, Мирослав Алексиќ.

               

А.Д



Share

Додади коментар