Делегација од Кавадарци беше во посета на САД
27-08-2013 РЕГИОН

Делегација од општина Кавадарци предводена од градоначалникот Александар Панов беше во неколку дневна работна посета на САД. Таму на Панов му беше врачено признание од Конгресот на САД како потврда за огромниот и незаменливиот придонес кон заедницата од нашите иселеници. Исто така на Панов му беше предаден и клучот на градот Гарфилд.

„ Имав средба во општина Гарфилд , општина која е збратимена со Прилеп. Бев изненаден од високото признание кое ми го предаде конгременот Паскрел, вистински демократ кој лобира за македонците. На сеница на совет на општина Гарфилд ми беше даден клучот на градот, симболика со која се одаде почит кон нашите иселеници кои живеат таму“ рече на денешната прес конференција Панов на која информираше за службената посета и средбите кои ги имал со нашинците во САД.

Директорот на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, Владимир Темков исто така беше дел од кавадаречката делегација. Тој имаше ликовна изложба на деветата авенија подржана од Министерството за култура, а по повод неговиот 30 годишен уметнички стаж.

Ангел Данов



Share

Додади коментар