Дел од „Северен булевар“ утре ќе биде затворен за сообраќај
21-09-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци ги информира учесниците во сообраќајот и граѓаните дека утре сабота 22 септември 2018 година, дел од „Северен булевар“ ќе биде затворен за сообраќај.

 

Заради изведување на градежни работи се воведува забрана за движење на делницата од спојот со „Западен булевар“ кај новата бензинска до спојот со булеварот „Цветан Димов“ кај хотел „ФЕНИ“.

 

Забраната за одвивање на сообраќајот на моторните возила се однесува на времето од 7:30 часот до 13: 30 часот.

 



Share

Додади коментар