Дебелината проблем и за Македонците

И граѓаните во Македонија стануваат се` подебели - со зголемена телесна тежина се дури 52,8 отсто од населението, а дебели се една петтина од жителите во земјата, или 20,3 отсто, кои се со БМИ (индекс на телесна маса) над 30! Според процените на Светската здравствена организација, тоа е голем процент, предупредуваат лекарите од Институтот за јавно здравје, откако Европската комисија алармира дека Европа станува с` подебела - дури 50 отсто од граѓаните се со прекумерна телесна тежина, а тоа, освен што е болна состојба за повеќето од нив, е и сериозен проблем за општеството, со кој Европската комисија сака да се избори, пишува Дневник.

Проблемот со дебелината на населението во земјите-членки на ЕУ станува с` поголем, па ООН и СЗО веќе прогласуваат аларм зашто овој проблем засега с` повеќе граѓани и е на пат да се претвори во епидемија. Според статистиката, по дебелината води Унгарија, следуваат Велика Британија, Ирска и Малта, каде што секој четврти граѓанин страда од прекумерна тежина. Таквата состојба е поврзана со појава на сериозни здравствени проблеми кај луѓето, чие решавање е поврзано со големи расходи на здравствениот систем.

Во Институтот за јавно здравје во Скопје потврдуваат дека, за жал, го следиме трендот на државите во ЕУ кога дебелината е во прашање.



Share

Додади коментар