Дебата за етиката во медиумите
26-04-2016 РЕГИОН

Колку се почитуваат правилата и стандардите во известувањето од страна на новинарите и медиумите во земјава  и како да се изврши само регулација беа дел од прашањата на кои се разговараше на денешната дебата што ја организира Советот за етика во медимите.

Претставниците на Советот говореа за значењето и перспективите на саморегулацијата, како и за досегашните искуства на Советот за етика и  соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Се споменаа  најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, како и  начините на кои дејствува СЕММ во врска со таквите случаи на непрофесионално и неетичко новинарство.  

 

Беше уште еднаш констатирано она што е општо познато,  дека состојбата во медиумите е мошне лоша, бидејќи наместо да информираат, медиумите завземаат страна и работат пропагандистички.

„Целта е да ја претставиме работата на Советот за етика на медиуми и да ги потсетиме нашите колеги новинарите, сопствениците на медиумите, во работата во новинарството има правила. Јавноста има право да знае она што се случува, но јавноста не треба да биде лажена. Согласно правилата на новинарството треба да информираме,  а не да шириме пропаганда. Сакаме да потсетиме дека советот за етика ја покрива работата на медиумите во Македонија, на печатените онлајн, електронските медиуми. Ја следиме работата и потсетуваме дека информирањето мора да биде точно, избалансирано и да ги има страни, сите актери за она што информираме“ рече Драган Антоновски, претседател на управниот одбор на Советот за етика во медиумите.

Во досегашното работење од околу година и пол,  Советот има добиено претставки од граѓани и институции кои обвинуваат за  дискриминаторски пристап, ширење невистини, доста клевети и  говор на омраза.  Антоновски, нагласува дека тоа впрочем  се  и најчести прекршувања во објавувањата на медиумите во Македонија.

 

„Она што ние го констатираме во нашето работење не е поразлично од тоа што не оценуваат меѓународните организации, она што се пораките од Брисел. Токму поради тоа се потребни медиумските реформи. ВО Македонија новинарството е далеку од она што се стандардите во светот, многу повеќе е таблоидно , пропагандистичко отколку она што е суштината за информирање на граѓаните. Секојдневно ги белжиме сите претставки кои доаѓаат до советот за етика. Разговараме, решаваме и им укажуваме на медиумите. Реагираат граѓаните, институциите за онаа што сметат дека е прекршување на етичкиот кодекс.  Се обидуваме да направиме медијација меѓу оној кој се жали и оној кој напишал.“ рече Антоновски.

 Доколку тоа не помине, објаснува тој,  следната постапка на советот е разгледување на  претставката во комисијата за жалби и потоа објавување на тоа кој згрешил.  Тој што згрешил потребно  е да ја објави претставката.

 

„Се случува често да ги кријат грешките . Ние сме оптимисти, сооглед на тоа дека деноививе ја имавме и стотата претставка, што е сериозна бројка.“ рече Антоновски и додаде дека граѓаните веќе реагираат и знаат дека постои советот за етика.

Тој нагласува дека многу подобро е самите новинари и медиуми  да се регулираат,   отколку законски се казнува и да санкционираат институциите  за регулација

СЕММ е здружение на граѓани формирано од повеќе медиуми во 2014 година, а функционално започна со работа во текот на минатата година. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица) до медиумите кога ќе се почувствува некаква повреда на стандардите на професионално и објективно известување.

Aнгел Данов

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар