Во организација на здружението за развој на винскиот туризам „Винотек“ и општина Кавадарци денеска започна третиот земјоделски саем. Пред земјоделските производители се претставуваат новите достигнувања во делот на земјоделска механизација и препарати за заштита. За разлика од претходните саемски манифестации, денеска времето беше во прилог на ова случување.
Организаторот е задоволен од интересот кој го покажуваат земјоделците но и од интерсот на дистрибутерите за учество на саемот.
„Имаме 12 излагачи на саемот, дистрибутери на агромеханизција, заштитни средства и опрема за наводнување. Наша цел е да овозможиме овие дистирибутери да дојдат во Кавадарци, земјоделците да ги согледаат сите новини, затоа што виното се прави на лозјето и е потребна квалитетна нега на виновата лоза. На минатите два саеми присутните дистрибутерии поминаа одлично. Се продадоа повеќе трактори, а задоволни беа и претставниците на хемиските куќи кои претставија нови заштитни средства за виновата лоза“ рече преседателот на „Винотек“’, Јован Еленов.
Саемот е подржан и од локалната самоуправа. Градоначалникот Александар Панов нагласува дека со советот секогаш подржуваат најразлични мерки за помош на земјоделците, а најави и трибини на кои професори ќе ги едуцираат лозарите за поквалитетно земјоделско производство.
„Ова е уште една од многуте мерки за земјоделците кои ги подржуваме и е во правец на запознавање со новите техники и технологии. Во наредниот период од страна на професори редовно ќе се одржуваат трибини со земјоделците, со цел да вметнеме наука во секојдневното практикување и работење на лозарите. Мое убедување е дека ќе добиеме поголем квалитет и принос ако се оддадеме на науката, а не да работиме традиционално, да прскаме секои две недели или да ораме на секои две недели. Овие работи треба да се применуваат тогаш кога е потребно и кога за тоа ќе утврди науката“ рече Панов.
И утре земјоделците кои се заинтересирани за новитетите во механизацијата и заштитните средства можат да го посетат земјоделскиот саем на градскиот плоштад.
Ангел Данов

Додади коментар