Две нови странски компании се заинтересирани да отворат производствени погони во Велес.. една сака да гради фабрика во индустриската зона речани, другата е заинтересирана за дел од постојната фабрика порцеланка.. Градоначалникот Славчо Чадиев вели дека засега нивните имиња остануваат во тајност. Очекува своите бизнис планови да ги откријат во првото тромесечје од следната година..
За исполнување на барањата на странскиот инвеститор заинтересиран за порцелнка, општината почна постапка за донесување на локална урбанистичка планска документација.. освен делот од фабриката, во документот е внесена и површина околу објектот. Градоначалникот Чадиев смета дека на овој начин, општината создава услови за развој на локалната економија..
Инаку во тек е постапката за формирање на најголемата индустриска зона во велес.. ќе се наоѓа кај селото мамутчево покрај експресниот пат кон штип.. предвидено е да се протега на површина од 70-тина хектари.. неодамна општината побара од министерството за земјоделство да направи проценка за обештетување на корисникот на земјоделското земјиште. По завршување на оваа постапка, локалната самоуправа ќе отпочне со уредување на новата индустриска зона.
Зоран Јаневски
Додади коментар