Две прекршувања на полицискиот час во Кавадарци и четири во Неготино
08-05-2020 РЕГИОН
Во текот на изминатото деноноќие,07/08.05.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес се регистрирани шест лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час, и тоа, две во Кавадарци и четири во Неготино.
Во овој период нема нови регистрирани лица со Решенија за изолација и со Изјава за самоизолација. Вкупно со Решение во изолација има 116 лице, од кои 110 во Велес, шест во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 57 лица, од кои 40 во Велес, 10 во Кавадарци и седум во Неготино.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - се вели во соопштението од СВР Велес.
Додади коментар