Две деца повредени во сообраќајна незгода во Кавадарци
25-01-2021 РЕГИОН
Две деца, на возраст од три и четири години се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера во Кавадарци.
- Вчера во 16.30 часот сe случила сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов“ во Кавадарци во која автомобил „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.М.(32) удрил во ѕид од куќа, при што, С.М. се повредила, исто така, се повредени и сопатниците, две деца, од три и четири години“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.
А.Д

Додади коментар