Две вонредни крводарителски акции до крајот на јули
10-07-2014 РЕГИОН

Летото и високите температури ги зголемија потребите од резервни единици крв, реагираат надлежните институции,  како што велат навреме за да може да се одговори  на потребите. До крајот на јули две вонредни крводарителски акции ќе има и Кавадарци.

Првата беше реализирана на крајот од јуни со што и официјално институтот за трансфузиона медицина го најави летото и летните вонредни крводарителски акции.Денеска за двете кој следуваат официјално ни потврди Розе Илова секретар на кавадаречкиот Црвен Крст.

 

Првата е на 17 ти во организација на МВР, ЦК на РМ и Институтот за трансфузиона медицина.Домаќин е Гранична Полиција Кавадарци, а во периодот од 9 до 13 часот  освен припадниците на Гранична крв ќе можат да даруваат и вработените од Полициска станица од Општа надлежност Кавадарци. Втората вонредна акција во јули е на 24 ти во просториите на кавадаречкиот црвен крст за граѓанството на Кавадарци и околината во термин од 8 и 30 до 15 часот.

 

Од црвен крст потенцираат дека традиционално летото и зголемените потреби од резервните крвни единици календарски се потполнуваат со најмалку три до четири вонредни акции за крводарителите и сите кој сакаат да покажат хуманост и да спасат живот.Бројот на сообраќајните и други незгоди во лето почесто ги има па затоа никогаш не се на одмот повеќе резерви од крв е ставот на Институтот за трансфузиона медицина чиј екипи се грижат за реализацијата на акциите.

М.Младенова



Share

Додади коментар