Двајца сопружници од Неготино позитивни на Ковид 19
28-05-2020 РЕГИОН

Брачен пар на возраст од 49 годни од Неготино е позитивен на Ковид 19, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Мажот бил вработен во гранична полиција и имал контакт со негов колега,  кој претходно бил заболен од корона вирусот, па најверојатно и тој е инфициран од него.

 

Двајцата сопружници се во домашна изолација. Жената била во добра здравствена состојба, а нејзиниот сопруг со покачена температура.

 

Од Центарот за јавно здравје се следат контактите на новите двајца позитивни на Ковид 19 од Неготино.

А.Д



Share

Додади коментар