Двајца нови позтивни на Ковид 19 во Кавадарци
11-07-2020 РЕГИОН
Продолжува да расте бројот на нови заболени од корона вирус во Кавадарци. Денеска се регистрирани два нови случаи, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Дијагностицирани се уште двајца нови позитивни. Докторка од Кавадарци на 48 годишна возраст која била на помош во ГОБ „8 ми септември“ Скопје и 26 годишно момче. Двајцата се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување“ рече за КТВ епидемиолог д- Ристе Јовановски.
Во Кавадарци има дијагностицирано вкупно 25 лица, активни се 19 случаи.
А.Д

Додади коментар