Двајца нови позитивни во Тиквешијата, еден починат од Неготино
25-08-2020 РЕГИОН

Маж на возраст од 40 години од Кавадарци и жена на 29 години од Неготино се позитивни на Ковид 19, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци. 

 

„И двајата се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Работиме на утврдување на нивните контакти. Денеска е регистриран и еден смртен случај. Починат е жител на Неготино на 69 годишна возраст. Починатиот беше на лекување во ГОБ „8 септември“ со позитивен резултат на корона вирус, но имаше и други заболувања“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски,

 

А.Д



Share

Додади коментар