Двајца нови позитивни во Демир Капија
30-04-2020 РЕГИОН

Машко лице на возраст од 34 години и девојка на 22 години од Демир Капија се позитивни на Ковид 19, потврди епидемиологот д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

„Добиените резултати  од земените брисеви за овие две лица се позитивни. Истите ќе бидат во денешната статисика евидентирани во Неготино. Mашкото лице е од истиот кластер со двајцата сопружници,  кај кои беше најпрво потвден вирусот во Демир Капија, додека девојката не е од тој кластер“ рече д-р Јовановски и нагласи дека двајцата нови позитивни се на домашно лекување.

 

Вкупниот број на позитвини на корона вирусот во Демир Капија се искачи на 7.

 

А.Д



Share

Додади коментар