Кавадарчанка е касната од змија на раката додека се подготвувала за спиење, а и маж на 64 годишна возраст исто така бил каснат од змија додека работел во својот двор. И двата случаи ги потврдуваат од итната медицинска помош во Кавадарци.
Жената дошла во непријатен контакт со змијата, наверојатно поскок додека легнувала. Таа го исклучила светлото во собата, а змијата била во ќебето на креветот. Од семејството се сомневаат дека змијата сеуште им е „гостинка“ во куќата бидејќи по каснувањето избегала.
„За разлика од минатите години, годинава досега имаме само два случаи на каснување од змија. Кај една повозрасна жена и кај повозрасен маж. Истите беа со лесна симптоматологија. Беше дадена серумска и инфузиона терапија. По два дена лекување на хируршкиот оддел беа пушени, бидејќи немаа никакви компликации“ вели д-р Дано Кулев хирург во општа болница Кавадарци и апелира до сите граѓани да бидат особено внимателни кога извршуваат работи на отворено, бидејќи, како што вели докторот, змијата никогаш сама не напаѓа, ако не се осети загрозена.
А.Д
Додади коментар