Двајца кавадарчани го прекршиле последниот полициски час
27-05-2020 РЕГИОН

Во текот на изминатото деноноќие,26/27.05.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес две лица во Кавадарци не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.  

 

Во овој период има четири нови регистрирани лица со Решенија за изолација во Велес, а со Изјава за самоизолација има две нови лица во Велес. Вкупно со Решение во изолација има 93 лица, од кои 69 во Велес, 11 во Кавадарци и 13 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има две лице во Велес.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.

 



Share

Додади коментар