Под покровителство на градомначалникот Александар Панов и Советот на општината на 13 и 14 јуни (петок и сабота) во Кавадарци ќе гостуваат улични забавувачи во рамките на „Баскер фест 2014“ година.
Во центарот на градот нредните два дена со почеток од 19:00 часот граѓаните ќе имаат можност да уживаат во претставите на светски познати поединци и групи на улични забавувачи. Според предвидената програма утре на плоштадот своите вештини и уметнички квалитети ќе ги презентираат 13 трупи од осум земји и тоа: Србија, Аргенитна, Бразил, Колумбија, Германија, Нигерија, Шпанија, Грција и Бугарија. Нивните точки се со врвен квалитет, а меѓу нив има: еквилибристи со шапки, со хула-хп, на моноцикли, потоа илузионист со карти и метални монети,играчи со огин, луѓе стаути, брејк денсери, уличен сликар и национална фолклорна група. Тие со своите претстави ќе ги забавуваат граѓаните на кавадарци со почеток во 19:00 часот.
Баскер фестот продолжува и во сабота во истиот термин, кога пред нас ќе се претстават нови осум изведувачки групи и поединци. Тие се професионални улични забавувачи од: Шпанија, САД, Италија, Бугарија, Романија и Македонија.
На втроиот ден од гостувањето на „Баскер фест“ кавадарчани ќе се забавуваат и ќе уживаат во вештините на брејк денсот, бразилската самба, шпанскиот танц Фламенго, во циркуските вештини, потоа на спретното балансирање по огради и ѕидови, а за најмладите има и уметник за шарање на лице во навивачки бои.
Ова ќе биде адинствена и исклучителна можност кавадарчани да го почуствуваат духот на светските метрополи, каде во срцето на најпрометните и најпрестижни улици овие артисти ја прикажуваат својата умешност, вештина и наареност, секојдневно забавувајќи ги граѓаните.
Зато градоначалникот и Советот ги покануваат граѓаните на Кавадарци во петок и сабота заеднички да уживаме и да се дружиме со светските артисти мајстори на уличната уметност.
Додади коментар