Даночни пријави ќе се поднесуваат и во понеделник
13-03-2015 РЕГИОН

 Понеделник е последен рок граѓаните кои освен плата или пензија имале и дополнителни приходи да достават годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Заклучно со денеска до регионалната дирекција на УЈП Кавадарци над 36 илјади граѓани ја завршиле својата обврска и ги пријавиле дополнителните приходи.

 

Управникот на дирекцијата во Кавадарци, Елица Малинкова во телефонската изјава информира дека шалтерите ќе работат и во текот на утрешниот ден, а годишни даночни пријави можат да се достават и во понеделник до 18 часот.

 

Малинкова апелира до сите граѓани кои имаат можност за електронско поднесување на пријавите тоа да госторат по електронски пат се со цел да не се создава метеж пред шалтерите.

А.Д



Share

Додади коментар