Д-р Диме Коцев нов директор на ЈЗУ Општа болница Кавадарци
04-08-2017 РЕГИОН

 

Денеска за нов директор на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци беше назначен Д-р Диме Коцев хирург – уролог.

 

Д-р Диме Коцев има завршено специјализација по урологија на Медицинскиот Факултет во Скопје и работи како специјалист по урологија во Општата Болница во Кавадарци

 

Коцев е роден на 03.09.1968 година во Кавадарци и моментално живее во Кавадарци. Женет и татко на едно дете.

 

Д-р Диме Коцев е член на МАУ (Македонската Асоцијација на Уролози), како и на ЕАУ (Европската Асоцијалција на Уролози).

 

Одлично го познава англискиот јазик и има познавања од Microsoft office пакетот.

 

Д-р Коцев може да го контактирате на следниов емаил: kocev2004@yahoo.com



Share

Додади коментар