Компанијата ГСОЛ, преку претставништвото Еуроникел Дооел Скопје ги повикува сите необезбедени доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка што се води за ФЕНИ Индустри АД-во стечај, да ги достават своите барања со цел започнување на постапката за исплата.
Барањата треба да се достават во период од 12ти до 16ти март, 2018 година во канцелариите на Адвокатското Друштво Поленак, правните застапници на Еуроникел Дооел Скопје.
Се покануваат необезбедените доверители претходно, да го контактираат Адвокатското Друштво Поленак на телефонскиот број 02 3114 737, заради закажување термини.
Пред два дена ГСОЛ – ЕуроНикел најави дека започна постапка за исплата на вкупните побарувања од ФЕНИ Индустри на сите признати доверители. Со исплата на 100% од прифатените побарувања во стечајната постапка, швајцарскиот инвеститор става крај на неизвесноста за ФЕНИ Индустри, ја демонстрира компетентноста на ЕуроНикел и го започнува излезот на ФЕНИ Индустри од стечајот обезбедувајќи извесна и стабилна иднина за комбинатот, вработените и партнерите.

Додади коментар