Ракометарите викендов ке ги одиграат средбите од 2 коло во плеј офот и плеј аутот. Во ракометниот плеј оф веке денеска Вардар ке го одигра својот натпревар против Пролет и ке бараат рехабилитација по поразот од Пелистер.
Во сабота во езерското дерби Охрид ке го пречека тимот на Струга а Бутел на домашен терен ке се обиде да го изненади Пелистер. Во недела во дербито Алкалоид ке го пречека тимот на ГРК Тиквеш. Кавадарчани се свесни дека во плеј офот нема лесни натпревари па ке мора да се надминат себеси и да го искористат своето искуство против младиот состав на Кире Лазаров.
Во борбата за опстанок во сабота ке се сретнат Голден Арт КЛ 7 - Прилеп и Мулти Есенс - Вардар Неготино. Во недела ЕП 2 ке го пречека тимот на Куманово а екипата на Скопје ке биде слободна бидејки РФМ го исфрли тимот на Аеродром од суперлигата. А причината е бирократска. Аеродром нема да има право да продолжи да се натпреварува во Суперлигашкиот плејаут, затоа што клубот не се регистрирал во акционерско душтво како што налагаат суперлигашките правила.
Клубот во есенскиот дел имал право за настап, затоа што како нов суперлигаш ја имал почнато постапката, но до почетокот на пролетниот дел - ја немаше финализирано. Сите останати натпревари предвидени во натпреварувачкиот календар ќе бидат регистрирани со службен резултат 10:0 во корист на противничката екипа. Така РК Аеродром останува надвор од натпреварувачката сезона и следната ќе мора да се натпреварува во Првата лига.
РК Аеродром е релативно непознат ракометен поим, па затоа само ќе нафрлиме дека од овој клуб меѓу другите потекнуваа ракометните надежи Иван Џонов, Марко и Дамјан Митеви, Едвин Омерагиќ, Стефан Стојчевиќ итн.
М.В.
Додади коментар