Бројот на болни од грип во Кавадарци продолжува да расте. Нови, над 350 болни само минатата недела.
Активноста на вирусот на грип се зголемува. Изминатата недела во Центарот за јавно здравје Кавадарци регистрирани се 369 нови заболени. Лекарите велат дека и во наредните недели ќе се бележи зголемен број на болни.
„Со последните 369 заболени од грип изминатата седмица имаме оваа сезона вкупно 933 заболени од грип. Најголемиот број 866 случаи се регистрирани само во февруари, што покажува дека овој месец е шпицот на ширење на ова вирусно заболување. Лани во февруари имавме само 71 болен, додека близу 4000 болни имавме за цела сезона, а најголемиот удар на грип минатата сезона беше во декември и јануари“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Тој додава дека најпогодени и понатаму од грипот се лицата на возраст од 15 до 64 години.
А.Д

Додади коментар