Вирусот на грип попушта. Последната недела во Центарот за јавно здравје матичните лекари пријавиле само 76 нови заболени во Кавадарци и Росоман. Сезонава во овие две општини се евидентирани вкупно 1611 грипозни лица.
„Во овој период минатата година сме имале 1397 болни од грип. Годинава најголемиот број на грипозни лица се евидентирани во месец февруари кога имаше 1124 болни“ рече д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Тој додава дека активноста на вирусот на грип се намалува, а со тоа во наредниот период ќе се намалува и бројот на нови заболени.
И понатаму најмногу на удар се лицата од 15 до 64 години. Грипот попушта но не и настинките. Лекарите бележат зачестеност на лесни вирусни инфекции поради променливото време и наглите варијации на температурата меѓу денот и ноќта. Од настинките се погодени луѓето на речиси сите возрасти.
Ангел Данов
Додади коментар