Грипот и понатаму со мала активност - Минатата недела само 15 нови заболени во Кавадарци
23-01-2018 РЕГИОН

 

Само 15 нови случаи на грип се евидентирани во Центарот за јавно здравје Кавадарци изминатава недела што значи дека и понатаму активноста на грипот е ниска. Лекарите не ја исклучуваат можноста вирусот поагресивно да започне да се шири во текот на февруари.

 

„Од почетокот на сезоната на грип заклучно со минатата недела имаме регистрирано вкупно 51 заболен. За споредба, лани во овој период имавме 2828 болни. Ова говори дека активноста на грипот и понатаму е ниска“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Тој објаснува дека и годинава најпогодени од вирусот на грип е возрасната група од 15 до 64 години.

 

Ниска активност констатираат и од Комисијата за заразни болести која функицонира во рамки на Министерството за здравство. Во овој момент во земјава има регистрирано 1739 случаи на заболени од грип.

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат испрати решенија до сите средни и основни училишта за преземање мерки за темелно чистење и за дезинфекција на училишните простории, обезбедување средства за лична хигиена (течен сапун), како и редовно следење на отсутноста на децата од настава.

 

A.Д



Share

Додади коментар