Грипот во кавадаречко започна да стивнува
16-03-2018 РЕГИОН

 

Со подобрувањето на временските услови започна да опаѓа бројот на нови заболени од грип во Кавадарци. Последните податоци од Центарот за јавно здравје Кавадарци покажуваат дека минатата недела се евидентирани 189 нови заболени.

 

„Оваа сезона вкупниот број на заболени од грип во Кавадарци достигна 1415. Бројка што покажува дека оваа сезона имавме помалку грипозни лица за разлика од минатата сезона, кога се регистрираа 2978 болни“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.

 

По месеци, најмногу заболени се евидентирани во февруари 866, најмалку во јануари, само 54 болни, додека во март 482 болни.

 

Д-р Јовановски нагласува дека и понатаму на удар се лицата на возраст од 15 до 64 години, а очекува и во наредниот период да се намалува бројот на нови заболени.

A.Д



Share

Додади коментар