Подржувачи на Граѓанското движење за одбрана на Македонија и членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци денеска одржаа граѓански собир во паркот на револуцијата наспроти полициската станица.
Беше упатена порака дека „Кавадарци сака избори на 5 ти јуни и прогрес“.
Иако било планирано пред присутните да говори претсавникот на ГДОМ, Александар Пандов, тој поради оправдани причини не пристигна во Кавадарци, па ставовите на ГДОМ ги изнесе градоначалникот на Кавадарци и како што рече самиот за себе, подржувач на ГДОМ, Александар Панов.
„Морам да искажам жалење за сквернавењето на комуналните јавни објекти од страна на СДСМ . Во Кавадарци не постои таква невладина организација, што може да сквернави. Она што се случуваше на детските градинки, плоштад и други институции стои СДСМ. Тоа се оние луѓе или онаа политика која пред неколку децении увези 70 илјади гласачи од Косово за Бранко Црвенковски да стане претседател на РМ. Тоа е истата партија која го донесе законот за територијална организација, поради кој Бучковски ќе беше жив изгорен во Струга. Компензираа со политика да дојдат на власт“ рече Панов и нагласи дека тоа била истата партија поради која многу кавадарчани ги загубиле работните места во минатото.
За СДСМ рече дека е партијата што го продала знамето на државата.
„ Тие се испоганија на гробовите на нашите револуционери. Се испоганија на сите нивни споменици во Кавадарци, ги крадеа бистите и ги продаваа за евтини пари во Бугарија, затоа што нив ништо не им е свето. Очекувам и утре и во петок и сабота да протестираат, бидејќи за нив не значи ништо овој празник, затоа што мислам дека се паднати од небо, не се македонци а најмалку кавадарчани“ рече Панов.
A.Д
Додади коментар