Граѓаните ќе кажуваат како локалната власт да ги троши парите од буџетот
04-11-2014 РЕГИОН

Кавадарчани ќе се вклучат во распрелебата на средствата од општинската каса за следната година. Од четврток започнува циклусот работилници каде тие ќе можат да ги даваат своите предолзи.

 

Многу потранспарентно ќе се креира буџетот на Кавадарци за следната година. Општината започнува еден проект кој дозволува граѓаните да бидат тие кои ќе ги кажат своите приоритети и потреби. Кавадарчани ќе одлучуваат за што и како ќе се трошат нивните пари.

 

„ Се работи за отпочнување на проект кој има за цел да ја зголеми транспарентноста во буџетското планирање. Директно граѓаните ќе учествуваат во планирањето на буџетите. Апелиран  на дванаесети  овој месец во 18 часот во хотел Фени да се вклчат сите зинтересирани граѓани и правни субјекти на  првата сесија од вкупно 5-те  и слободно да ги истакнат нивните размислувања како да се распределат финансиите од буџетот за следната година. Досега ова го правевме преку средби во месните и урбаните заедници“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

 

Модераторот на овој проект кој ги вклучува граѓаните во одлучувањето нагласува дека досегашните резултати се повеќе од позитивни.

„Општините заедно со граѓаните разговараат дебатираат,  предлагаат и на крај донесуваат општински буџет. Искуствата се позитивни,  бидејќи граѓаните низ еден структуриран начин низ една дискусија, прво се запознаваат со стратешките приоритети на малку подолг период и за приоритетите за наредната година. “ рече Елизабета Ѓорѓиевска модератор на овој проект и додаде дека граѓаните ќе добијат јасна слика што претставува буџетот ,  како истиот се полни и како се трошат нивните пари.

Градоначалникот Панов нагласи дека буџетот и за следната година  ќе биде на ниво како овој од 2014 година.

 

Ангел Данов

 

„Буџетот за следната година ќе биде исто на ниво од околу 10  милиони евра. Пет  од државата и пет приходи што самите ќе ги собираме.  Секоја година процентот на реализација не е повеќе од 90 отсто. Општина Кавадарци има еден стабилен буџет,  кој овозможува стабилна и обемна комунална изграднба, тоа е она што го барат граѓаните“ рече Панов.



Share

Додади коментар