Грантови за две семејни винарии од Кавадарци
03-03-2021 РЕГИОН
Петре Пешков и Блаже Стојановски од Кавадарци се денешните потписници на грантови за млади земјоделци.
Со неповратната финансиска поддршка од 20.000 евра тие ќе набават опрема за своите семејни винарии односно пневматски преси, иноксни садови, мелачки за грозје, пумпи и опрема за флаширање.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Кавадарци, врачи две од вкупно 27 одобрени апликации во Тиквешкиот регион за инвестиции во агро секторот преку „Мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“. Апликантите кои денеска ги добија договорите имаат одобрено неповратен грант до 20 илјади евра за набавка на опрема за семејни винарии.
„Преку програмата за рурален развој која ја имплементира Платежната агенција финансиски ќе се подржат 265 млади земјоделци, за кои се одвоени 3.1 милиони евра. Само со вложување во младите и поддршка на нивните бизнис идеи можеме да ги задржиме онаму каде што припаѓаат. Да живеат, работат и создаваат дома. Продолжуваме со креирање на политики и мерки за развој на младинското претприемништво во аграрниот сектор“ изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
Додади коментар