Градот направи штети на лозјата во Бегниште и други села во тиквешко

11.06.2013 КТВ - Врнежите од дожд со град кои вчера попладне ја зафатија Тиквешијата предвреме обраа дел од родот на земјоделските култури. Ова се фотографии направени по невремето во атарот на кавадаречкото село Бегниште кое се наоѓа близу Тиквешкото Езеро.

-Зрната од град беа поголеми од лешник и паѓаа некаде околу 5 минути. Еве видете, дел од зрната во гроздовите се веќе оштетени на лозите. Штетите од невремето допрва ќе се утврдуваат-ни рече младиот Боре Клинчаров.

Освен во Бегниште врнежи од град се регистрирани и во атарите на неколку други села во кавадаречко и неготинско. Дел од тамошните жители велат дека не е прв пат градот да им го обере дел од родот предвреме и да го земе својот данок од нивите. Денес сите погледи повторно беа свртени кон небото оти во Тиквешко повторно паѓаше дожд проследен со грмотевици. Земјоделците велат дека земјоделството е фабрика на отворено и затоа стравуваат за своето земјоделско производство.

С.Д



Share

Додади коментар