И до сто отсто се штетите врз овошните и лозови насади во општина Росоман од силните врнежи од град. Вчера попладне атарот на селата Сирково, Рибарци и Манастирец беа зафатени од силно невреме проследено со пороен додж, силен град и ветер.
Општинската комисија излезе на терен веднаш по невремето да направи проценки на штетите.
„Штетите се огромни и на места изнесуваат до 100 проценти. Од невремето најмногу се погодени земјоделските култури во атарите на росоманските село Манастирец и Сирково. Сите земјоделци кои имаат претрпено штети на своите насади во наредните денови да поднесат пријави во општината“ рече градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.
За еден месец ова е второ невреме во роосманско. Најголем дел од праските се речиси предвреме обрани. Оштетени се и лозјата кои се во фаза на формирање на гроздот.
Стручњаците велат дека штетите ќе имаат одраз и за наредната година, бидејќи во овој период се дефиренцираат папките за следната година.
Земјоделците се тажни што годинава нема да можат да ги покријат ниту основите трошоци за производството. Веќе се задолжени со заштитни средства, а најголем дел од нив нема да можат да наберат ниту една праска од своите насади. Се надеваат дека државата ќе им даде обесштетување, а обесштетување очекуваат и од осигурителните компании, бидејќи добар дел од овоштарите го осигурале својот имот.

Додади коментар