Градоначалникот Јанчев на средба со жителите од урбана заедница „Слога“
06-10-2018 РЕГИОН

 

Изградба на пешачка патека по Желков дол помеѓу у. „Страшо Пинџур“ и ул „14 мај“, изградба на тротоар на ул „Авала“, осветлување на дворот на градинката, изградба на потпорен ѕид, реконструкција на водовод и канализација. Ова се дел од барањата кои ги имаат жителите на урбаната заедница „Слога“ во Кавадарци, а вчера му ги кажаа и на градоначалникот Митко Јанчев.

 

Тој го продолжи циклусот средби со овие жители. Беше во нивна посета заедно со раководството на ЈП „Комуналец“ и служби од општината.

 

Дел од барањата на жителите на оваа урбана заедница ќе се најдат во програмата за комунална изградба за 2019 година.

 

Јанчев и во наредниот период ќе продолжи со посета на месните и урбаните заедници за да ги слушне потребите на граѓаните.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар