Градоначалникот Јанчев ги продолжува средбите со кавадарчани
28-11-2019 РЕГИОН

Приемните денови во локалната самоуправа продолжуваат и оваа недела.

 

Денес,Градоначалникот Јанчев заедно со службите од локалната самоуправа, службите на ЈП Комуналец и Мој општинар, остварија средба со околу 90 граѓани.

 

Некои од проблемите се решаваа веднаш , за некои се разговараше за наоѓање заедничко решение а некои ќе бидат ставени во програмата за 2020 година. Приемниот ден ќе продолжи и утре со закажани уште околу 90 граѓани - информираат од кабинетот на Јанчев.



Share

Додади коментар